Scientix – една од 100-те најдобри светски иновации

Меѓународниот панел на водечки експерти за образовните политики го идентификува проектот Scientique како одличен пример за двигател кој може да донесе позитивни промени во наставата и учењето на глобално ниво.

Меѓународниот панел е назначен од страна на HundrED проектот, кој е глобална иницијатива која потекнува од Финска. HundrED сака да ги сподели информациите и да ги препознае најдобрите практики во образованието со цел да ги шири успешните пилот-акции ширум светот. Со цел да се постигне оваа цел, HundrED има три клучни фактори за идентификација – 100 иновации тестирани во училиштата низ Финска во текот на една година, 100 студии на случај за иновации кои веќе го менуваат лицето на образованието на глобално ниво и 100 интервјуа со лидери во образованието и креаторите на промени од целиот свет.

Scientix, кој е координиран од страна на European Schoolnet со финансиска поддршка од рамката Хоризонт 2020 на Европската унија за истражување и иновации, е меѓу првите десет глобални активности кои треба да бидат признати од HundrED. Ова беше најавено на саемот за образование БЕТТ во Лондон, Англија, во средата, 25 јануари 2017 година, во кој се собраа илјадници едукатори и водечки компании во развојот на образовната технологија.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *