PROSOCIAL WEEK

Пристап до мапата со регистрираните настани се достапни на итерактивната мапа на следниот линк:  https://bit.ly/2FDTxG1.

Во периодот од 1 до 10 април се реализираа настани кои беа дел од Prosocial Week. Вкупно се реализираа 74 настани на територијата низ цела наша држава.  Истите ги организираа 62 Основни Општински училишта, 2 Средни Општински училишта , 6 градинки, библиотеки.. Најголем број од настаните се организираа во просториите на училиштата но некои од нив се организираа и во центарот на градовите, во Трговски Центри, во природа, и тн.

Настаните ги реализираа 75 наставници, едукатори, педагози, психолози, дефектолози. Во настаните учествуваа повеќе од 2000 ученици од редовните училишта, 479 дечиња од 6 градинки. Исто така во заедничките настани учествуваа повеќе од 70 ученици со потешкотии. Некои настани беа поддржани од страна на Локалните Самоуправи, родители, луѓе од локалните средини…

На самите настани беа промовирани Просоцијални вредности како: мир, солидарност, еднаквост, соеаботка, помагање, емпатија, заштита на околината, инклузија, повеќејазичност, заштита од меѓуврсничко насилство…

Еве неколку наслови: Поддршка и создавање на модерно општество во  кое сите ученици ќе имаат  ист третман и права, Да ја заштитима нашата околина, Во свет во кој можеш да бидеш СЕ, биди љубезен.., Користи интернет и биди ми пријател, ученици од различни етнички групи споделуваат СРЕЌА, Да ги заштитиме животните, Олимпијада во играње Просоцијални игри – Најдобриот резултат во играта INTERLAND, Се грижиме за нашата планета, да ја заштитиме реката, Да растеме поздрави, да јадеме здрава храна, и тн.

 

Листа на учесници во организирање на настан за време на Prosocial Week