SPAM соработка

Ослободување на училиштата од пластика
Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN

Официјалната веб страна на проектот ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-INдостапна на следниот линк.

Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца (индиска поговорка)

Живееме во општество преплавено со пластични и нафтени производи. Нашите секојдневни навики го уништуваат екосистемот на планетата, ставајќи го животот на планетата земја под ризик.
Проектот за ,,Ослободување на училиштата од пластика,, настана токму од потребата да се едуцираат идните генерации да ги најдат сите можни начини за замена на употребата на пластика со алтернативни, одржливи и еко-компатибилни материјали. 

Преку проектните активности сакаме да започнеме процес на свесност кај децата и младите, за развивање на нивната одговорност кон природата и кон животот што води кон трансформација на потрошувачкото општество во хумано општество, што ќе им овозможи на новите генерации шанса  да развијат еколошки одржлива, здрава  животна срдина.

Во текот на имплементацијата проектот ќе се фокусира на следните две основни цели: да зближиме со природата од кои сме составен дел и да произведуваме што е можно помалку отпад. Идејата е да се охрабрат учениците од секоја земја во светот да размислат за употребата на пластика во нивниот секојдневен живот, да разберат какво може да биде влијанието на пластичниот одпад  врз животната средина и да се насочат кон осздавање одржливи алтернативи што трајно ќе се користат во училиште или домот.

Имплементатори на проектот се седум невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Полска, Португалија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови:

  1. Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
    https://www.europole.org 
  2. Friends of Education (Македонија)
    www.friends-of-education.org
  3. Regional Directorate of Education Castilla y Leon – JCYL (Spain)
    www.educa.jcyl.es
  4. Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
    www.prpsc.lt
  5. MAKE IT BETTER – Associacão para a Inovacão e Economia Social (Португалија)
    www.mibworld.org
  6. University of Burgos (UBU) (Шпанија)
    www.ubu.es
  7. Turkish Ministry of National Education (Turkey)

Главниот фокус на проектот ќе биде насочен кон подигање на свеста пред се кај младите за влијанието на пластиката врз животната средина, за во иднина да да станат промотори и протагонисти на еко-промените во општеството преку нивната креативност.

Училиштата и организациите кој ке бидат дел од проектот за ослободување на училиштата од пластика ќе бидат вклучени во светска мрежа „Никому Помалку“ за размена на добри практики, каде секое училиште / организација ќе може да се вклучи со свои активности, овозможувајќи меѓукултурен дијалог и отвореност кон другите вклучени субјекти во проектот. 

Целите на проектот за ослободување на училиштата од пластика ќе треба да се остварат со имплементација на следните проектни активности:

  • Едукација на децата за подигање на нивната свест за штетната употреба на пластиката и  еколошките проблеми поврзани со употребата на пластика.
  • Поттикнување на креативноста кај децата за употрба на материјали и алатки од алтернативно потекло за трајно користење наместо пластика во училиштата.
  • Креирање на едукативни содржини и активности за ефектот на пластика врз човекот и нашата земјата.
  • Kреирање едукативна платформа  за споделување на искуства
  • Споделување активности и стратегии за спречување на употреба на пластика што ке бидат споделени на платформата.
  • Вклучување на локалната заедница и семејствата на децата во менување на нивните навики за користење пластика