Prosocial Values соработка

Поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија.

Временската рамка за реализација и имплементација на проектните активности е долгорочна, односно проектот е започнат на крајот од 2017 и ќе трае до 2020 година.

Имплементатори на проектот се шест невладини организации од Италија, Турција, Литванија, Шпанија, Бугарија и Македонија чии што програмски цели се насочени кон развој на современите образовни трендови:

  • Polo Europeo Della Conoscenza (Италија)
  • Uşak İl Milli Eğitim Müdürlüğü (Турција)
  • Panevezio Rajono Svietimo Centras (Литванија)
  • Consejeria De Education (Шпанија)
  • Trakia University (Бугарија)
  • Friends of Education (Македонија)

Фокус на проектните активности ќе биде поставен на подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина

Крајната цел пак на проектните активности е насочена кон намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење засновано на позитивни општествени норми и вредности.

Просоцијални вредности ќе пристапи на предизвикот за социјална инклузија и образование со тоа што ќе им помогне на децата од 5 до 15 години да ги научат просоцијалните вештини, да развијат интерперсонални односи и на тој начин да го подобрат соживотот и да ја зајакнат својата индивидуалност. Ова ќе се постигне со тоа што ќе се создаде интернационална заедница на училишта кои ќе соработуваат при промоција на активности на национално и интернационално ниво, соодветен тренинг на наставниците и колекција на сериозни игри кои учениците ќе ги користат и ќе ги подобрат нивните социјални вештини. Во текот на првата година партнерите на проектот ќе се фокусират на препознавање на теоретската основа за просоцијалност и користењето на игри во образованието на децата. Целта е што покомпетентно да се развиваат понатамошните исходи. Почетната точка на проектот ќе биде завршена преку анализа на потребите на наставниците зашто тие се првите промотери во заедницата. Нивното знаење и потребата од просоцијално учење ќе биде собрано и анализирано што ќе биде случај и со веќе постоечките активностити и практики, а акцентот ќе биде ставен на рекреативниот аспект и можноста да се трнсформираат идеите во нови игри. Ќе биде креирана база на податоци на просоцијални сериозни игри. Ќе се направи акционен план за создавање, развој и зајакнување на просоцијалната заедница земајќи ги во предвид националните и интернационални потреби. Овој план ќе претставува база за развој на тренинг на наставниците кои се одговорни за своиоте локални заедници. После тренингот на наставниците за специфичните методи преку кои тие ќе подучуваат просоцијални вредности, ќе започне фазата на истражување. Ќе се измери и анализира подобрувањето на социјалниот живот во училиштата кои се вклучени во проектот. Две интернационални конференции, локални семинари и работилници и три билтени ќе придонесат кон десеминацијата и примената на резултатите од проектот. Како додадток на тренингот ќе се направи сериозна игра со различни нивоа на тежина.

Национална контакт точка за имплементирање на проектот  Pro Social Values  (Просоциално учење односно Учење со ематија) во Република Македонија е  Здружението ,,ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО,, а можност за учество ќе имаат сите наставници кои ќе се регистрираат на официјалната веб страна на проектот следниот линк http://psv.europole.org како и на блогот на проектот на следниот линк http://psv.europole.org/mk/blog/.

Проектните активности на проектот Pro Social Values (Просоциално учење односно Учење со ематија) во училиштата во Република Македонија ќе се одвива во две фази. 

Почетна прва фаза на имплементација на проектот која започна во јуни 2018 година и во која беа вклучени осум основни училишта од Република Македонија: ООУ ,,Св. Кирил и Методиј,,- Скопје, ,,Св. Кирил и Методиј,,- Прилеп, ООУ ,,Живко Брајковски,, Скопје, ОУ ,,Григор Прличев,, – Охрид, ,,Св. Кирил и Методиј,,- Прилеп,  ООУ„Крсте Мисирков“ Скопје, ОУ ,,Кочо Рацин,, с. Ивањевци, општина Могила, ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила, Чашка.

Втората фаза ќе се реализира во периодот од септември 2018 година до јуни 2020 година и во неа ќе имаат можност да учествуваат наставници од сите училишта во Република Македонија. Проектните активности во во оваа фаза ќе ги опфатат следните активности:

  • Спроведување вебинари за промоција на проектните активности и поддршка на наставниците кои ќе бидат вклучени во проектот 
  • Реализација на работилници за споделување добри наставни практики кои прикажуваат просоцијално учење 
  • Организирање награден конкурс – филмски фестивал на едукативни филмови со ,,просоцијална содржина,, 
  • Организирање на училишни иницијативи/настани т.н. ПРОСОЦИЈАЛНА НЕДЕЛА 
  • Меѓунардна соработка и учество на  Петтата Едуконференција  посветена на Просоцијалното учење