#RobyWeek – Работилници во амбасодор училиштето ООУ,, Григор Прличев,, – Охрид

Во рамки на истражувањето за врсничко насилство од Erazmus+ KA3 програма на проектот “Robotics versus Bullying RoBy” во амбасодор училиштето ООУ,, Григор Прличев,, – Охрид, беа вклучени ученици од три возрасни групи, училишниот психолог Анастасија Настеска, училишниот педагог Офелија Петреска, координаторот на проектните активности наставничка по информатика Марина Танасоска, предметните наставнички Виолета Кафтан и Биљана Иваноска. Врз основа на резултатите од истажувањето, ќе биде изготвена студија на случај, со цел да се прикаже како иновативните педагошки образовни стратегии влијаат на превенцијата од меѓуврсничко насилситво во основните училишта.

Со групата ученици кои беа во фокусот на ова истражување (иако во активноста беа вклучени 20 деца) ја игравме едукативната игра ,,Разбирање на емоциите и изнаоѓање решенија,,. Најпрво на учениците им беа објаснети правилата за играње, а потоа користејќи ги ситуациите дадени во упатството за играње учениците низ игра опишуваа, препознаваа сопствени и туѓи емоции и даваа конструктивни решенија за дадената ситуација. Бидејќи играта наиде на голем интерес кај учениците, беше изигран втор круг, во кој учениците наместо дадените ситуации од правилата за игра, искористија сопствени искуства за конфликтна ситуација на која биле сведоци или учесници.

Во второто набљудување (пост тест) беше вклучена истата групата ученици кои беа во фокусот на ова истражување и со кои предходно беше реализирано набљудување (пред тест). И овој пат учениците ја играа едукативната игра ,,Разбирање на емоциите и изнаоѓање решенија,,. Бидејќи правилата за игра им беа познати од предходното набљудување, учениците веднаш започнаа со играње, но овој пат требаше да разрешат други ситуации и низ игра да опишат, препознаат сопствени и туѓи емоции, како и да дадат конструктивни решенија за дадената ситуација. Играта наиде на голем интерес кај учениците, а видлива беше и голема, позитивна промена во нивното однесување, социјализацијата, покажување емпатија и инклузивност.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *