Промоција на еколошкиот прирачник ,,Водич низ природата”

Како дел од едукативната еколошка кампања, која ќе се спроведува во нашето училиште во учебната 2023/ 2024 година, на 03.03.2023  во училишната библиотека во ООУ ,,Григор Прличев” – Охрид беше одржана презентација на еколошкиот прирачник ,,Водич низ природата” – триплет на еколошки водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе имаат можност да  се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и градското зеленило. Сетот на водичи e во издание на издавачката куќа Чудна шума , под авторство на Kiril Przo и е наменет за еколошко образование и развој на еколошка свест кај новите генерации.

На промоцијата учествуваа ученици од седмо и деветто одделение, вклучени во училишниот проект ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN, директорката на училиштето Лилјана Ефтимоска, училишниот педагог Офелија Петреска, библиотекарката Наташа Митреска и наставничката по информатика – координатор на проектните активности, Марина Танасоска.

Во соработка со O2 Иницијатива кои се издавачи на прирачниците и здружежението ,,Пријатели на образованието” www.friends-of-education.org.mk во нашето училиште беа донирани 15 сета од еколошките прирачници, со цел да се користат на наставата по природни науки.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *