УЧЕНИЦИ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ ПАТУВАЊЕ ВО CERN КАКО НАГРАДА

Учениците, на возраст од 11 до 19 години, од сите земји на Европската унија, можат да учествуваат на натпреварот ScienceClip и да освојат големи награди, вклучувајќи патување во Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Швајцарија. Крајниот рок за учество во натпреварот е 1 јуни 2018 година.

Сите ученици за да учествуваат на натпреварот ScienceClip треба да снимаат и уредат кратко видео за било која тема од областа на науката, да ја постават на YouTube или Vimeo и да го регистрираат за натпреварот. Сите поднесени видеа ќе бидат објавени на веб-страницата на натпреварот.

Повеќе информации и корисни линкови може да се најдат на: http://www.scientix.eu/news/news-all/news-detail?articleId=741628

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *