РЕЗУЛТАТИ ОД STEM DISCOVERY WEEK 2019

 

Кампањата The STEM Discovery Week повторно го сруши рекордот во однос на бројот на организирани активности и вклучени учесници! Оваа година опфатени се 162.000 наставници, родители, претставници на индустријата, креатори на политики и ученици од 4.700 училишта кои учествуваа во 980 активности нагласувајќи ја заедно за важноста на науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) во нашите животи, студии и кариери!

Почнувајќи од почетокот на февруари, најинтензивно од 22-ри до 28-ми април, STEM Discovery Week 2019 се одбележа во 40 земји низ целиот свет, опфаќајќи ја не само Европа, туку и Мексико, Индија и Американска Самоа во средина на Тихиот океан! Беа презентирани различни инспиративни STEM активности – работилници, STEM фестивали, студиски посети и многу други, реализирани од фантастични наставници, и организации.

Покрај тоа, седум различни проекти оргнизираа натпревари во рамки на STEM Discovery Week 2019. Повеќе од 500 пријави беа испратени и во наредните недели, секој проект ќе ги избере победниците на својот натпревар.

Следете го Scientix за повеќе детали во врска со резултатите од STEM Discovery Week 2019 и зачувајте го датумот за STEM Discovery Week 2020, планирани најинтензивно за 20 – 26 април 2020 година!

Можете да ги видите сите доставени активности на СТЕМ со нивните детали на мапатаподолу.

 
 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *