Работилница – Креирање на наставни материјали кои се однесуваат на СТЕМ образованието и Scientix проекти

На 21 и 22.09.2018 година бее реализирана работилница со СТЕМ наставици. Наставниците имаа различно искуство: Scientix Амбасадори, наставници со најдобри СТЕМ практики од натпреварот за наставници, како и наставници со пониско познавање на Scientix. Главната идеја беше да учат едни од други и сите заедно да креираат квалитетни наставни материјали.

Преку кратка преземтација учесниците беа запознаени со улогата и ресурсите кои ги нуди Scientix, активностите на Пријатели на образованието како Национална контакт точка како и активностите кои следат. Беше истакната добрата соработка помеѓу СТЕМ наставниците и побудениот интерес за Scientix. Потоа беа промовирани Scientix амбасадорите и нивните постигања. Тие презентираа свои искуства, примери, наставни материјали, студии на случај и сл. На овој начин беа споделени интересни иновативни пристапи и можности за понатамона соработка.

Во вториот дел на работилницата наставниците работејќи во групи адаптираа материјали од Scientix Repository. Заедно наставниците креираа наставни планирања, материјали, и листи за оценување кои се однесуваат на СТЕМ образованието. Бидејќи овие материјали се на македонски јазик, може да се користат од сите наставници во Македонија.

Секоја група ги презентирае своите изработки и различни дискусии беа поттикнати. Наставниците се согласија дека им се потребни повеќе вакви средби каде ќе може да споделуваат идеи, добри практики и да дискутираат за СТЕМ образованието и како да се подобри неговиот квалитет во Македонија.

42272311_1807763232673076_4081884588236865536_n

42254136_1806520452797354_9058549419875500032_n 42195237_1806520399464026_4583776195656548352_n
42254702_1807475189368547_8870295531503484928_n 42260126_1807486749367391_8992110124097077248_n
42273490_1807486472700752_3107875916349440000_n 42222136_1807461296036603_8235929458884739072_n
42258306_1807672726015460_2869484151721951232_n 42297495_1807486586034074_3467455917014908928_n
42301338_1807486879367378_416232612164534272_n 42281438_1807672969348769_4838158368340180992_n
42292316_1807672902682109_1973555640223662080_n 42292629_1807673032682096_7283498848721305600_n
42386873_1807461259369940_4468445388772212736_n 42297495_1807486586034074_3467455917014908928_n

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *