Претставени активностите за модернизација на образованието „Edu Day“.

На 22 Декември 2015 година во Хотел Континентал, Скопје, се одржа „Edu Day“ настан организиран од Мајкрософт Македонија. Присутните имаа можност да се запознаат со иновативните практики во образованието при користење на платформите и алатките на Мајкрософт претставени од Мајкрософт Наставници од Македонија, презентери на „Edu Day“.

За првпат пред пошироката публика во Македонија беше претставен концептот на иновативна училница, Мајкрософт Showcase Classroom, преку користење на платформата на Office 365 и низата алатки кои таа ги содржи. 

За презентација на Мајкрософт Showcase Classroom која треба да послужи како модел за функционирање на една иновативна училница во која технологијата е ставена во служба на педагогијата, беа поканети членовите на нашето здружение: Марина Василева, Дарко Талевски Славица Карбева и Марина Танасоска.

Посебен осврт беше даден на OneNote Staff NotebookиOneNote Class Notebook како клучни алатки кои овозможуваат простор за соработка и споделување на информации и ресурси помеѓу клучните чинители на образовниот процес. На настанот,иновативноста, креативноста и вештините на 21-от векбеа клучни фактори во одлучувањето на петте победници кои беа прогласени за најдобри во трите натпревари организирани од Мајкрософт за сите наставници од основните и средните училишта од Македонија. Наставниците со своите креативни изработки се натпреварувааво натпреварот за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE), натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година и натпреварот за Hour of Code.

Преземено од faktor.mk

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *