Обука “STEM EDUCATION IN THE 21ST CENTURY”

New York Academy of Sciences разви онлајн обука која ги поддржува СТЕМ наставниците во основно образование преку процесот на развивање на наставни содржини усогласени со STEM Education Framework. Ограничен број на наставници може бесплатно да учествуваат на оваа обука.

STEM Education in the 21st Century е 10-неделен онлајн курс со дополнителни две недели за оценување на финалните проекти. Учесниците ќе ги искористат знаењата за да креираат наставна содржина која ќе ги  поттикнува вештини од 21-от век во контекст на СТЕМ. 

Обуката нема специфични часови на состаноци и задачите и дискусиите се менуваат на неделна основа. Учесниците се очекува да ја завршат задачата во текот на неделата кога е доделена. Во текот на оваа обука, учесниците ќе:

  • ги истражуваат придобивките од оспособување на студентите со СТЕМ вештини, вклучително и основни вештини од 21 век
  • покажат разбирање на најдобрите практики во наставата по СТЕМ предметите
  • оценуваат различни педагошки методи по СТЕМ предметите
  • развиваат наставна содржина која може да се користи во училница 

Курсот ќе трае од 6 октомври до 22 декември. Крајниот рок за регистрација е 20 септември 

 
 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *