Обука „Слобода на изразување и приватност на интернет“ во Каен

Од 28 до 30 октомви 2015 година во Каен, Франција, беше одржана обуката на тема „Слобода на изразување и приватност на интернет“, организирана преку партнерство од фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје и Институтот за човекови права од Каен.

На обуката учествуваа едукатори од Македонија и Франција кои работат со млади на возраст од 15 до 25 години, со цел да им се обезбедат алатки за подобра едукација на младите за последиците од користење на интернет и другите дигитални технологии. Опфатените теми вклучуваа педагошки методи за неформална едукација за човекови права врз основа на компаративните искуства од Франција и Македонија. Фокусот беше на приватноста и слободата на изразување, како и медиумска писменост, со користење на искуствата спротиставување на медиумски манипулации во рамки на Сервисот за проверка на факти од медиумите.

Обуката беше заснована на педагошкиот прирачник „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“, развиен и објавен од Меѓународниот институт за човекови права и мир и Фондацијата „Метаморфозис“
, како и неговата примена во практика во изминатата година по неговото објавување. Дигитална верзија на прирачникот на македонски и француски јазик е достапна и преку интернет.

Обуката беше спроведена во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, со поддршка на Република Франција и АЛДА – Асоцијација на агенции за локална демократија.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *