Направи опис на ИТ професија и добиј телефон

Проектот OpenSkimr има возбудлив нов конкурс за креативни ученици. Секој кој сака да влезе во натпреварот мора да го опише својот впечаток за ИТ професијата во форма на слика или видео на Instagram.

OpenSkimr сака да допре до младите луѓе кои се заинтересирани за кариера во ИТ секторот, или друго поле на науката, технологијата, инженерството или математиката (STEM). Студентите кои сакаат да учествуваат мора да ја испратат својата фотографија или видео пред крајниот рок за натпреварот на 14 мај 2017 година. Мора да бидат постари од четиринаесет години за да може да се натпреваруваат.

Креаторот на најдобриот придонес кон натпреварот ќе биде награден со iPhone 7 или Galaxy S8 паметен телефон, кој секако може да се користи за идни креативности на Instagram или за други активности од личен интерес!

За повее информации посети ја веб страната на натпреварот: http://openskimr.eu/2017/04/06/openskimr-instagram-contest/

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *