Активности на Третата Scientix Конференција

Scientix објави сосема нова брошура во која ги сумира сите активности што се реализираа на Третата Scientix Конференција, вклучувајќи ги воведните говори, презентации, работилници, тркалезни маси, награди,  и други релевантни информации. Дополнително на оваа публикација се наоѓаат и шест видео интервјуа снимени на конференцијата.

На конференцијата беа опфатени 20 изложбени штандови, 25 постер сесии, 56 презентации и 14 работилници, 6 тркалезни маси за разни национални и европски иницијативи во образованието на СТЕМ, избрани од 324 предлози поднесени на отворен повик. На конференцијата учествуваа 352 учесници од 39 различни земји, вклучувајќи 32 креатори на политики, 13 претставници на институциите за обука на наставници, 92 претставници на организации од СТЕМ, 49 истражувачи, 12 претставници на индустријата и 160 наставници.

Покрај оваа нова конференциска брошура, Scientix објави шест видео интервјуа со клучни креатори на образовни политики за СТЕМ и постави презентации од конференцијата на веб-страната.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *