Македонски наставник, еден од победниците на STEM Discovery Week

Во периодот од 23.06.2017 до 25.06.2017 во Future Classroom Lab во Брисел се одржа 15th Science Projects Workshop. Учесници на работилницата беа победниците на STEM Discovery Week натпреварите. На работилницата имаше 59 учесници, од кои 45 наставници од 17 различни држави. Соња Јанкуловска, наставник по биологија, од Битола, Македонија, учествуваше на работилницата како еден од победниците во категоријата: Organize a STEM event: Creative recycling, со цел подигање на свеста кај учениците и пошироката заедница за проблемите поврзани со околината и влијанието на формирање на навики кај учениците за нејзина заштита.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *