Летни програми во CERN во 2018

Професори и ученици од средните училишта може да се приклучат на неколку летни курсеви во 2018 кои ги организира European Organization for Nuclear Research (CERN), кој само што го објави новиот каталог на курсеви. 

Професорите од средните училишта може да се пријават или на интензивен курс од три недели од 1 до 21 Јули 2018 или  двонеделна програма од 5 до 18 Август 2018. Првиот познат како CERN High School Teacher Programme (HST), се одржува секоја година од 1998. Содржи најнови информации во полето на физиката, едукативни ресурси поврзани со ова и можности за соработка. Вториот, International Teacher Weeks Programme (ITW), првпат се одржа во 2017. Двете програми се отворени за регистрација до 13.01.2018.

Учениците од средните училишта може исто така да се регистрираат на второто издание на S’Cool Lab Summer CAMP, од 24 Јули до 4 Август 2018. Програмата е отворена за регистрација до 5.02.2018

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *