Со „Адобе гласот на младите“ против насилството

Ученици од ОУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп неодамна го промовираа вториот мултимедијален проект „Адобе – гласот на младите“

Тој е поддржан од истоимената фондација „Текинг ИД“ од Канада и од локалната самоуправа.
Преку изработените кратки видеа, постери и програми во „Адобе“, младите пренесуваа пораки за запирање на сајбер-насилството и насилството во училиштето, но и во семејството, како и за употребата на дрога и наркотични средства. Во проектот учествуваа 36 ученици, заедно со децата од училиштето од селото Подмол, под менторство на наставниците Наташа Забрчанец и Дарко Талески.

– Во проектот беа вклучени ученици од 8 и 9 одделение, кои работеа на повеќе теми што се однесуваат на проблеми со кои се соочуваат нивните врсници. Освен за борбата против насилството, стана збор и за нивните надежи и желби. Изработени беа 10 плакати, два кратки филма, фотоприказна, анимација. Поради успешната реализација на проектот во овие две години под менторство на наставниците Наташа Забрчанец, наставничка по англиски јазик, и Дарко Талески, наставник по ликовно образование, фондацијата „Адобе“ и наредната година ќе ја овозможи реализација на проектот во ова училиште – велат од ОУ „Кирил и Методиј“.

преземено од http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=46151617388&id=25&prilog=1&setIzdanie=23439 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *