Работилница за човекови права – Слобода на изразување и приватност во дигитална ера

20160930121231На 30 септември, со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа работилница за човекови права на тема: Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера.

Оваа работилница наменети за наставници од средните училишта од територијата на Град Скопје ја проследија 30 присутни. 

Наставниците имаа можност да проследат воведна презентација на активностите во организација на Метаморфозис а потоа им беа презентирани искуства од училишната практика – дисеминации на училишно и општинско ниво и работилници со ученици , од страна на здружението Пријатели на Образованието како дел од претходно остварената соработка и студиска посета на Институтот за човекови права и мир од Каен, Франција.

20160930125037

Презентацијата на педагошкиот прирачник „Слобода на изразување и приватност во дигитална ера“  и практична презентација на некои работилници од прирачникот за кои наставниците имаа можност преку вежби да опфатат некои од темите во прирачникот ја изведоа едукаторите Елена Апостолоска, Марина Миткова Василева и Марина Џепароска Танасоска. 

20160930123931

Во последната сесија, наставниците дискутираа за отворените образовни ресурси и можносите за законска регулација на истите со претставник од Метаморфозис.

Преземено од metamorphosis.org.mk

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *