ПРОМОЦИЈА НА МУЛТИЗБОРКО ВО ООУ ,,ПЕТРЕ ПОП АРСОВ,, с. БОГОМИЛА, ОПШТИНА ЧАШКА

На 30.04.2018 година во просториите на ООУ „Петре Поп Арсов“ с. Богомила, општина Чашка се одржа промоција на дигитален образовен ресурс МултиЗборко на која присуствуваа одделенски наставници, заинтересирани предметни наставници и педагогот на училиштето. 
Проектот го промовираа представник на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” Славица Карбева Стојковиќ – наставник во ООУ „Петре Поп Арсов“ с. Богомила, општина Чашка.
Проектот „МултиЗборко“ е реализиран со подршка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, а имплементатор на проектните активности е „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” – Скопје. Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *