МултиЗборко ГО ЗАПОЧНУВА СВОЕТО ПАТУВАЊЕ НИЗ УЧИЛИШТАТА

Почнувајќи од 10.04.2014 до 25.04.2014 започнавме со презентација на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко – аудио визуелна повеќејазична едукативна апликација наменета за деца на возраст од 4 до 10 години како и за деца со посебни потреби, со која што на итерактивен начин ќе може да се стекнат со нови знаења (усвојување поими – именки, глаголи, фрази) на 6 различни јазици: македонски, англиски, германски, албански, турски и ромски. Апликацијата “МултиЗборко” е замислена како илустриран, интерактивен речник, во кој што поимите се претставени со соодветна илустрација, текстуално и звучно на шест јазици, така што освен стекнување знаења за одредени поими на мајчин јазик, децата истовремено ќе може да ги учат поимите и на друг јазик, со динамика која е прилагодлива на нивните лични афинитети и потреби. Проекните активности за проектот ,,МултиЗборко,, се реализирани со поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија.

„Содржината на дигиталниот образовен ресурс МултиЗборко е единствена одговорност на авторите и грантистот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија“

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *