КОНКУРС „Млади научници ја спасуват планетата Земја“

Здружението „Пријатели на образованието“ во рамки на проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“, поддржан од Erasmus+KA3 програмата  на Европска Унија, објави 

НАГРАДЕН КОНКУРС
„Млади научници ја спасуват планетата Земја“ 
за активности кои ќе ни помогнат да ги ослободиме училиштата од пластика.

Националниот конкурс започна на 23.1.2023 година, а заврши на 31.5.2023 година. Право на учество на Конкурсот имаа учениците од прво до деветто одделение заедно со одделенските и предметните наставници од основните училишта и посебните основни училишта на територија на Република Северна Македонија.

За учество на Конкурсот „Млади научници ја спасуваат планетата Земја“ наставниците пополнуваа формулари со нивни податоци, профил на работна позиција, институција во којашто работи, наставната содржина, како и опис на спроведената активност. Заедно со пријавата, наставникот треба да достави 5-10 фотографии или видеоматеријал во времетраење од 3-5 минути на кои е прикажана соодветната активност, постер или слајд презентација. 

Пријавите се поднесуваа најдоцна  до 31.5.2023 година, исклучиво  по електронски пат на адреса на Здруженето „Пријатели на образованието“ spemmacedonia@gmail.com, co назнака: „Учество на Конкурс, за SPEM работилница“. Фотографиите или видеоматеријалите за соодветната активност треба да се пратат заедно со формуларот, на истиот меил.

Конкурсот беше наменет за истражувачки тимови во состав од по пет ученици и еден наставник, во рамки на една паралелка. Доставената проектна активност ќе биде оценувана од интернационална жири-комисија, составена од докажани образовни експерти во проектот „School Plastic Free Movemen (Движење, училишта без пластика)“. Сите пријавени наставници кои аплицира на Конкурсот „Млади научници ја спасуваат планетата Земја“ се здобија со сертификат за учество во работилница на меѓународен проект од Erasmus+KA3 програмата на Европска Унија.

Победничкиот тим од пет ученици и еден наставник ќе го презентира својот проект на Интернационална конференција во Верона, Италија, во октомври 2023 година. Финансиските средства за учество на Интернационалната конференција во Верона се обезбедени  од Здружението „Пријатели на образованието“.

Проектните активност пријавени на конкурсот ја беа наменети да ја истакнат креативноста иразвивање на свеста за негативното влијание од користење пластика во училиштето. Притоа учениците беа поттикнати да создадат училиштен бренд како симбол соодветен на именуваниот проект. Целта на проектот беше учениците да истражуваат, проучуваат и креираат еко-пријателски проект за замена на пластичните предмети коишто секојдневно ги користат во училиште, како и самостојно да го развијат својот проект.

Притоа, учениците го опишуваа процесот на создавање, односно креирање на нивниот еко-проект на оригинален начин. За време на активностите, наставниците ментори ги насочуваа и ги поттикнуваа учениците сè до исполнување на целта. Додека трае проектната активност, наставниците хронолошки ги документира целиот процес, фокусирајќи се на следните клучни точки:

  • Што научивме од оваа тематска единица за SPEM моделот?
  • Што беше позитивно за нашиот процес на учење?
  • Зошто ги избравме овие конкретни активности на SPEM?
  • Што би подобриле  во процесот на учење врз основа на нашите грешки?
  • Како се чувствувавме кога презентиравме знаења и вештини за еколошки материјали и предмети?
  • Кои беа предизвиците со кои се соочивме?
  • Кој е проблемот?
  • Што треба да знаеме/направиме/моите постапки за да го решиме?
  • Дали сите го делат истото мислење за решавање на проблемот?
  • Како можам да придонесам за решавање на проблемот?
  • Кој беше предизвикувачкиот дел во проектот?
  • Како може да ја ангажирам мојата околина/заедница да го реши проблемот?

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *