„Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали но може да направиме големи – промени„ – ИНКЛУЗИЈА

Како дел од соработката со непрофитната компанија за управување со отпад „Пакомак“ и проектотните активности од ,,Plastics Free Movement,, Erasmus+ Project KA3 – Support for Policy Reform 621506-EPP-1-2020-1-IT-EPPKA3-IPI-SOC-IN, нашето училиште ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, во текот на учебната 2022/2023 година спроведе едукативна кампања со мото  „Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали но може да направиме големи промени„. Во рамки на кампањата се одржаа над 30 работилници чија цел беше да се подигме свеста кај учениците за  важноста од селектирањето на отпадот и придобивките од унапредување на процесот на негово рециклирање.

Имајќи во предвид дека инклузивноста е една од главните цели во реализација на проектните активности на ,,Plastics Free Movement,, но и една од најважните стратешки цели на нашето училиште, во активностите од едукативната кампања „Да ги ослободиме училиштата од пластика – ние сме мали но може да направиме големи промени„ активно беа вклучени и учениците од нашето подрачно училиште од руралната средина Рача.

За таа цел во подрачното училиштето беа донирани канти за селекција на пластичен и хартиен отпад, кој во договор со локална компанија за управување со отпад и „Пакомак“ ќе биде дистрибуиран до центар за рециклирање на пластика и хартија и беа одржани неколку едукативни работилници од страна проектниот тим од ,,Plastics Free Movement,,. Во работилниците беа вклучени над 50 ученици и 8 наставници од училиштето.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *