Erasmus KA1 обука за наставници во Охрид

Од 9-14 јули 2023 година во Охрид се одржа Erasmus KA1 обука за наставници. На обуката присуствуваа колеги од Загреб, Хрватска и заедно истражувавме нови начини на учење и настава. Оваа обука е пример како Erasmus+ програмите ја поддржуваат соработката помеѓу европските земји во образованието.

Учесници на обуката беа 6 едукатори од Република Хрватска членови на  НГО „Неки нови клинци“ – Загреб: Луција Чурка (официјален претставник на НГО, Аријана Плахутар (педагог), Моника Гудлин (психолог), Ана Милиќиќ (едукатор), Сузана Мамиќ (едукатор) и Јосипа Блажевиќ (едукатор). Обуката ја спроведоа Марин Коннолл, Дарко Талески, Зорица Трајаноска, Елена Апостолоска И Марина Танасоска. 

Што работевме:

  1. Програмирање и роботика – Научивме како да им го приближиме светот на технологијата на децата на забавен начин.
  2. Традиционални игри – Ги адаптиравме старите игри за деца од 4 до 6 години и ги направивме дел од наставата.
  3. Поврзување на предмети – Видовме како различните предмети можат да се поврзуваат за подобро учење.
  4. Логичко размислување – Работевме на начини како да им помогнеме на децата да размислуваат и решаваат проблеми.
  5. Раскажување приказни – Совладавме техники за раскажување што ги привлекуваат децата.
  6. Дигитални игри – Ги дигитализиравме македонските и хрватските традиционални игри  за користење во наставата.
  7. Практична работа. Не останавме само на теорија – ја посетивме градинката “Јасна Ристеска” во Охрид каде ги применивме новите игри и активности со вистинските деца.

Обуката се одржа на најубавата локација – крај Охридското езеро со богата историја. Оваа комбинација од учење и убава природа направи незаборавно искуство.
#ErasmusPlus #Охрид #ОбразованиеЗаДеца #МеѓународнаСоработка

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *