Сотанок на националните партнери во проектот

На 14 и 15 септември, беше одржан дводневен онлајн состанок на националните партнери во проектот, од конзорциумот TINKERVERSE, организиран од UBU. Во текот на овие два дена партнерските организации го споделија напредокот на различните работни пакети и се договорија за следните чекори за претстојниот период.

На состанокот беа презентирани првичните резултати од интервјуата со образовни експерти спроведени од партнерските земји. Овие резултати ќе се користат за понатамошен развој на заедничката визија на TINKERVERSE за STEAM.
На состанокот беше усвоен моделот за структурата на активностите за обука на наставниците, која дополнително ќе се разработува во следната фаза од проектот.
Уште еден конкретен резултат е договорот за начинот на анализа на активностите од областа на „Maker“ образованието (Maker Education), собрани од партнерите. За оваа анализа ќе бидат утврдени заеднички критериуми. Секој партнер ќе ги користи овие критериуми за да ги анализира доставените активности и да го утврди нивниот потенцијал за понатамошен развој во рамките на TINKERVERSE.
Со овие резултати, ја завршуваме истражувачката фаза и преминуваме кон фазата на дизајнирање. Фокусот сега се префрла од собирање и анализа на информации, кон користење на добиените резултати за развој на активности и обуки.
Инфографикот може да се погледне подетално на www.tinkerverse.eu

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *