Универзитетот во Бургос (UBU) официјално ја лансираше лабораторијата за развивање вештини TINKERVERSE – SkillBuilders: Развивај, Откриј, Учи!

На 7-ми и 8-ми мај, Универзитетот во Бургос (UBU) -Шпанија, беше домаќин на воведен состанок за имплементација европски Erasmus+ проект Tinkerverse, наменет да им овозможи на децата и младите да развијат важни вештини кои ќе им бидата потребни во иднината. Со успешно одржаниот прв состанок официјално започна подготовката за реализација на нов образовен проектот кој ќе се спроведува во текот на следните три години. На состанокот присуствуваа претставници на партнерските организации, наставници, координатори и останати засегнати страни, кои ги поставија основите за успешна соработка и реализација на планираните активности. На состанокот како претставници на нашата партнер организација „Здружение за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” учествуваа координаторот на проектот Бојан Василев и Марина Танасоска.

Главната цел на состанокот беше запознавање на учесниците со визијата, целите и очекуваните резултати од проектот, како и дефинирање на првите чекори за негово спроведување. Воедно беа разгледани планираните активности, временската рамка, распределбата на одговорностите и начинот на меѓусебна комуникација и координација.

Во текот на дискусијата учесниците разменија идеи, предлози и искуства, нагласувајќи ја важноста од заедничкиот пристап и активната соработка во текот на целиот проектен циклус. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на квалитетот на образованието, развојот на современи наставни практики и создавањето нови можности за професионален развој на наставниците и учениците. 

Повеќе информации се достапни на официјалната страна на проектот, на следниот линк.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *