Награди за првенците на генерација и најдобрите наставници од основните училишта во Центар

Осум првенци на генерација од основните училишта во општина Центар и четиринаесет најдобри одделенски и предметни наставници денеска ги добија заслужените награди од градоначалникот Андреј Жерновски, бидејќи од сите вложувања, најдобро е вложувањето во образованието.
Критериумите за наградување ги определија и потврдија комисии на секое училиште, а најважни беа успехот, квалитетот посветеноста и освоените награди на различни натпревари. Општина Центар по трет пат, на овој начин ги вреднува трудот на учениците и наставниците и со тоа покажува дека доброто образование е услов за идни добри граѓани. Меѓу наградените наставници беше и Марина Миткова Василева. 

Преземено од Општина Центар- Скопје.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *