Презентери7


Георги Димитров, раководител на Одделението за Дигитално Образование при Европската Комисија
Неговото обраќање ќе внесе европска перспектива за иднината на дигиталното образование и улогата на вештачката интелигенција во создавање инклузивни, креативни и квалитетни образовни системи. Присуството на Европската комисија преку господин Димитров, кој е еден од водечките европски експерти за дигитална трансформација на образованието, претставува силна потврда за важноста на оваа конференција и за регионалните и европските напори да се интегрираат новите технологии во образованието.
#EduConference25 #AIinEducation #DigitalEducation #EuropeanCommission European Commission

Професор Мухамед Демирбилек – Република Турција
Спикер на #EduConference25

Професор Мухамед Демирбилек, ќе одржи предавање на тема: „Дигитални алатки за предавање на вештачка интелигенција и машинско учење“ при што
ќе сподели практични стратегии и дигитални алатки за интегрирање на вештачката интелигенција и машинското учење во наставата. На предаавањето ќе бидат презентирани најдостапните платформи, како може да се применат во училница и на кој начин наставниците можат да ги подготват учениците за иднината управувана од ВИ.
#EduConference25 #AlinEducation #TeachingFuture

Анна Лагер – Република Финска Спикер на #EduConference25

Анна Лагер ке ни покаже како учениците можат да ги стекнат вештините за да напредуваат во дигитален и одржлив свет!
И како наставниците можат да ја искористат моќта на вештачката интелигенција за да ги инспирираат и водат своите ученици?
Иницијативата Girls Go Circular нуди практични одговори преку:
Програми за ученици и наставници, иницијативи за амбасадори, хакатони, европски натпревари
Целта е јасна – да се охрабрат младите да учат, водат и да ја обликуваат одржливата иднина!
#EduConference25 #AISustainability #GirlsGoCircular


Емре Едај – Република Турција.
Спикер на #EduConference25

Емре Едај е претставник од Space Camp Turkey – единствениот камп на НАСА во регионот. Тој ќе ги презентира програмите и активностите што кампот ги нуди за младите љубители на науката, технологијата и вселената, како и можностите кои ги имаат македонските ученици да го посетат овој камп и одблиску да ја доживеат магијата на вселенските мисии.
#EduConference25 #SpaceCampTurkey #NASA


Јургита Ваитиекуниене – Република Литванија и Иглика Ангелова Република Бугарија Спикери на #EduConference25









Јургита Ваитиекуниене и Иглика Ангелова ке зборуваат за Универзален дизајн за учење – иднината на образованието!
Што значи тоа?
Главната цел е создавање средини и материјали што можат да ги користат сите ученици. Поттикнува инклузија и им помага на учениците да станат независни, успешни и љубопитни ученици за цел живот. Следи јасно дефинирани принципи во развивањето на образовна содржина за да се обезбедат еднакви можности за учење за сите. Литванските и Бугарските училишта веќе се движат во овој правец – добар пример дека инклузивното образование не е визија за иднината, туку реалност која се гради денес!
#Educonference25 #UniversalDesignForLearning #Inclusion #EducationForAll

Ели Пешева – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25

Ели Пешева ќе зборува за Вештачката интелигенција во маркетингот: ниту чудовиште, ниту волшебно стапче. Во адвертајзинг индустријата свесно ги растегнуваме нејзините потенцијали – понекогаш ѝ ги користиме супермоќите за да додадеме малку сјај, понекогаш ѝ дозволуваме да го диктира темпото .
Но прашањето е: како да го задржиме нашиот, сè уште аналоген, личен потпис – она што не е алгоритам, туку чиста креативност и духовитост.
Кирил Арсовски – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25

Кирил Арсовски на своето предавање „Образование за историја на природата и вештачка ителегенција, нова алатка за решавање стари прашања“ открива како ВИ го трансформира проучувањето и наставата по природни науки, нудејќи иновативни алатки за повторно разгледување и решавање на трајни научни прашања. Со подобрување на дизајнот на наставната програма и овозможување на интерактивно учење базирано на податоци, ВИ им помага на едукаторите да ги направат сложените концепти подостапни. Оваа идеја нагласува како технологијата може да го премости историското знаење со модерната педагогија, инспирирајќи љубопитност и критичко размислување кај учениците.
#EduConference25 #AlinEduation #NaturalHistory

Билјана Црвенковска – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25
Со Билјана Црвенковска ке зборуваме за тоа дали можат книгите за деца да бидат создадени од вештачка интелигенција? Дали ВИ некогаш ќе може целосно да ги замени писателите и илустраторите? Одговорот е сложен – книгите за деца не се само приказна и слика, тие се емоција, топлина, имагинација и лична креативност. Уникатноста на писателите и илустраторите лежи во нивната способност да внесат љубов, искуство и човечка перспектива – нешто што технологијата тешко може да го „имитира“. Но, иднината не мора да биде борба меѓу човекот и машината. ВИ може да стане корисна алатка – да помогне во истражување, да понуди идеи или да поддржи визуелизации – додека авторството и сржта на креативниот процес остануваат во рацете на луѓето. Книжевноста за деца и млади секогаш ќе бара човечки допир – затоа што само човек може да ја раскаже приказната со душа.
#EduConference25 #ChildrensBooks #Creativity

Марко Ѓоргиевски – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25

Марко Ѓоргиевски ќе зборува за ЕУ регулативи и практики во користењето на вештачка интелигенција во образованието. Темата е од клучно значење – како Европа 🇪🇺 ја насочува интеграцијата на AI во училиштата, заштитувајќи ги учениците, наставниците и самата образовна заедница.Очекувајте примери, регулативи што ја обликуваат иднината и визија за безбедна и ефективна примена на AI во образованието.
#EduConference25 #AIinEducation #EUPractices #InnovationInLearning

Проф. д-р Анита Штеројска Митреска -Република Северна Македонија

Симона Димитриеска-студентка – Република Северна Македонија

Кристина Латкоска-студентка – Република Северна Македонија

Катерина Радеска-студентка – Република Северна Македонија

Доротеа Камчевска-студентка – Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25







Под менторство на проф. д-р Анита Штеројска Митреска од Педагошки факултет во Скопје, студентките Симона Димитриеска, Кристина Латкоска, Катерина Радеска, Доротеа Камчевска ќе Ве поведат низ светот на дигиталните алатки во наставата. Ќе откриете како едноставни дигитални алатки можат да ја збогатат училницата, да ја поттикнат креативноста на учениците и да овозможат поактивна вклученост на сите. Преку практични примери ќе видите како наставниот час може да прерасне во интерактивно и современо искуство, каде технологијата е поддршка, а не пречка.
#EduConference25 #DigitalTools #TeachersInspire

Проф. д-р Вера Стојановска – Република Северна Македонија

Асс. м-р Ангела Икономоска – Република Северна Македонија

Мартина Панева студентка – Република Северна Македонија

Ивона Николовска студентка – Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25














Под менторство на проф. д-р Вера Стојановска и асс. м-р Ангела Икономоска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, ни доаѓаат студентките Мартина Панева и Ивона Николовска, кои ќе Ви ја откријаат моќта на една доста нова дигитална платформа со која учењето се претвора во вистинска мини авантура! Замислете училница во која секоја идеја е забележана, а секој прогрес го зацврстува мостот помеѓу наставниците, учениците и родителите. Очекувајте интересни практични примери за интерактивно, колаборативно и персонализирано учење на учениците од Вашето одделение. Ве дели само еден клик до креативна и инспиративна училница!
#EduConference25 #InteractiveClassroom #FutureOfEducation

Проф. д-р Лулзим Мехмеди – Република Северна Македонија

Улка Реџепи – студентка – Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25








Под менторство на Проф. д-р Лулзим Мехмеди од Педагошкиот факултет при Универзитетот од Тетово и Улка Реџепи, студентка по одделенска настава ќе одржи предавање како користењето на очила за виртуелна реалност во училницата, можат да ја подобрат наставата по наука и историја, да поттикнат емоционални и креативни искуства кај децата, како и да им овозможат на учениците да ја истражуваат и откриваат науката на еден креативен и ангажирачки начин преку практична работилница.
#VRinEducation #EduConference25 #InnovationInLearning

Проф. Боби Бадаревски – Република Северна Македонија

Мартина Лозаноска Најдовска – демонстратор, Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25







Од Институтот За Родови Студии при Филозофскиот факултет во Скопје под менторство на проф. Боби Бадаревски ни доага демонстраторот Мартина Лозаноска Најдовска. Тие ке зборуваат за етичката употреба на ВИ во образованието бара постојана проверка и елиминација на родовите пристрасности во алгоритмите и содржините. Само со грижа за родовата еднаквост, ВИ може да создаде фер и инклузивна средина за сите ученици. ⚖️
#EduConference25 #GenderEquality #EthicalAI

Проф. Деан Илиев – Република Северна Македонија

Зорица Милкова – Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25








Од Педагошки факултет- Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола под менторство на проф. Деан Илиев ни доаѓа Зорица Милкова која ќе говори за користењето на вештачката интелигенција како алатка за креирање иновативни наставни материјали. На оваа работилница ќе дознаете како со едноставни чекори можете да внесете свежина, интерактивност и креативност во вашата училница, при тоа задржувајќи го личниот пристап кон учениците. Применливи примери и водени активности ќе ви помогнат веднаш да ги интегрирате новите идеи во вашата наставна практика.
#EduConference25 #CreativeClassroom #DigitalLearning













проф. д-р Иван Чорбев – Република Северна Македонија
Зорица Карапанчева – Република Северна Македонија
Мила Додевска – Република Северна Македонија

Спикери на #EduConference25
Под менторство на проф. д-р Иван Чорбев, Зорица Карапанчева и Мила Додевска од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ, ќе го претстават MKSafeNet – пионерски чекор во дигиталната безбедност на Македонија. Преку овој проект се воспоставува првиот Национален центар за побезбеден интернет, со што нашата земја се приклучува кон европските стандарди за заштита на децата и младите во дигиталниот простор. MKSafeNet не само што ја пополнува клучната празнина во националната дигитална инфраструктура, туку отвора ново поглавје во стратегијата за сајбер-безбедност, создавајќи побезбедна и поддржувачка средина за сите. Овој значаен проект е дел од програмата Digital Europe и претставува важен исчекор кон европските практики за побезбеден интернет.
#EduConference25 #MKSafenet #CyberSecurity

Проф. д-р Кирил Барбареев – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25



Голема чест и задоволство ни е да најавиме Проф. д-р Кирил Барбареев, еден од водечките експерти за современо образование. Ќе зборува за предизвиците на новото време и улогата на технологијата во наставата. Како може дигиталните алатки да го олеснат процесот на учење? Кои се замките и кои се можностите?
Професорот Барбареев ќе сподели идеи и практики за тоа како наставниците можат да останат чекор напред, користејќи технологија како сојузник, а не како пречка.
#Education #Innovation #TeachingWithTech #EduConference25

Проф. д-р Љупчо Кеверески – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25

Панел-дискусијата „Вештачка интелигенција во наставата најголема цивилизациска фрустрација во континуумот вчера–денес–утре“ ќе ја води академик проф. д-р Љупчо Кеверески – еден од најистакнатите експерти во областа на образованието и науката. Академик Кеверески ќе отвори важни прашања за предизвиците и можностите што ВИ ги носи во наставата – од методолошки пристапи до етички аспекти низ инспиративна дискусија која ќе понуди насоки како технологијата може да стане вистинска поддршка за наставниците, а не пречка во образовниот процес.

Наталија Ацеска – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25


Наталија Ацеска од Бирото за развој на образованието, ќе зборува за регулативите во Македонија поврзани со користењето на вештачката интелигенција во образованието. Ќе дознаеме повеќе за тоа како државата се подготвува за интеграција на ВИ во наставата, кои се предизвиците и кои се правилата што ќе обезбедат безбедна, етичка и корисна употреба на новите технологии во училиштата.
#EduConference25 #Regulations #EducationMK

Марко Јовановиќ – Република Северна Македонија
Спикер на #EduConference25


Марко Јовановиќ ќе зборува за тоа дали вештачката интелигенција може да ја трансформира едукацијата – и дали навистина може да биде од помош за предавачите.
Може ли една машина да помогне во процесот на учење, или пак само го комплицира? Одговорот не е едноставен – но е ветувачки.
ВИ не значи замена за наставниците, туку поддршка – паметна алатка која овозможува поефикасна, поперсонализирана и поинтересна настава. ВИ може да помогне со персонализирани задачи, визуелизации, преводи и анализа на напредокот, но наставникот останува срцето на едукацијата – водичот кој учи не само што да се знае, туку и како да се мисли.

Иднината на едукацијата не е човек или машина. Таа е човек со машина – во тим што создава подобри услови за учење за сите.
За Semos Education , тоа е визијата која вреди да се следи.
#EduConference25 #AIinEducation #SemosEducation

Марина Коннелл – Република Северна Македонија
Елена Апостолоска – Република Северна Македонија
Марина Танасоска – Република Северна Македонија
Зорица Трајаноска – Република Северна Македонија
спикери #EduConference25


Тимот едукатори од Пријатели на Образованието Марина Коннелл, Елена Апостолоска, Марина Танасоска и Зорица Трајаноска со нивната експертиза, визија и страст за подобро учење, ќе ја заокружат програмата на конференцијата. Тие се движечката сила зад оваа конференција со инспирацијата која секојдневно ја внесуваат во образованието.

#EduConference25 #FriendsOfEducation #Inspiration #EducationFuture