Инфо7

VII ЕдуКонференција: Вештачка интелигенција во функција на педагогијата!

VII ЕдуКонференција: Вештачка интелигенција во функција на педагогијатаможеби заврши, но енергијата, инспирацијата и насмевките што ги создадовме заедно, остануваат.
Ви ги споделуваме фотографиите (https://drive.google.com/drive/folders/1Y34zAy1GBmarSHIasSpy2oyKpue-WGlm ) кои најдобро го кажуваат она што тешко се опишува со зборови: полни сали, вистински ентузијазам, идеи што запалија искри, пријателства што штотуку почнаа. Гледајќи ги овие фотографии сфатифме дека не присуствувавме само на конференција – туку заедно создадовме историја.
Благодареност до секоја личност што беше дел од овој незаборавен настан – спикери, студенти, гости, техничари, модератори, луѓето што на и зад сцената и оние што гласно аплаудираа пред неа. Без вас – ова ќе беше само уште еден настан.
Со вас – беше енергија, движење и надеж дека образованието кај нас има иднина.

Од тимот на Вашите пријатели на образованието

VII EduConference одржана од  27 до 28 септември 2025 година, во Струга, беше значаен настан посветен на  трансформативната моќ на вештачката интелигенција во образованието. На конференцијата присуствуваа 380 едукатори од основните и средните училишта од цела Македонија како и професори и студенти од образовните институции од високото образование странски гости, социјални работници, ИТ експерти, креатори на политики ,  сите обединети со заедничка мисија да обликуваат поинклузивен и напреден образовен систем.

Конференцијата ја отвори Г-дин Бојан Василев, претседател на „Пријатели на образованието“, и д-р Марина Василева Конел (Шкотска, Велика Британија), основач на Здружението „Пријатели на образованието“. Таа ги потсети присутните на мудроста на Алан Тјуринг: „Иднината не можеме да ја видиме но ние наставниците можеме многу да направиме за неа. “  

Конференцијата започна со  воведните говори на:

  • Г-дин Георги Димитров од Европската Раководител на одделот „Дигитално образование“ во Европската Комисија ја нагласи улогата на вештачката интелигенција во градењето правични и креативни образовни системи.
  • Проф. д-р Кирил Барбареев од Универзитет Гоце Делчев, Штип и д-р Наталија Ацеска од БРО ги разработија можностите и етичките предизвици што ги претставува вештачката интелигенција во македонските училници.

На конференицјата беа претставени 21 предавања и работилници од меѓународни и домашни експерти, како и наставнии практичари:

  • Проф. Мухамед Демирбилек (Турција) за достапни платформи за настава со вештачка интелигенција.
  • Јургита Ваитекуниене (Литванија) и Иглика Ангелова (Бугарија) за инклузивен образовен дизајн.
  • Ана Лагер (Финска) претстави програма за дигитално учење која промовира одржливо размислување.
  • Емре Едаи (Турција) ги сподели можностите за стипендии од вселенскиот камп на НАСА „Турција“.

Професори и студенти од високообразовни институии:

  • Виртуелна реалност во научното образование – Педагошки факултет , Универзитет од Тетово
  • Најсовремените платформи за персонализирано учење – Педагошки факултет- Битола , Универзитет Св. Климент Охридски – Битола
  • Родови предрасуди во вештачката интелигенција – Институт за родови студииФилозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • MKSafeNet – првиот национален центар во Македонија за побезбедно користење на интернет- Факултет за компјутерски науки и инженерство – Финки, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • Интердисциплинарен пристап -вештачка интелигенција во основното образование – Педагошки факултет Св. Климент Охридски, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • Панел-дискусија, модерирана од академик проф. д-р Љупчо Кеверески од Педагошки факултет- Битола , Универзитет Св. Климент Охридски – Битола, – дебата за филозофските, методолошките и етичките димензии на вештачката интелигенција во наставата.

Наставни практики

Во најва: Ќе следи серија снимени онлајн работилници вебинари.

Конференцијата предизвика моќен одек на социјалните медиуми, а учесниците ги преплавија Фејсбук, Инстаграм, ЛинкедИн и Х со фотографии, пофалби и совети за алатки за вештачка интелигенција. Хаштагот #EduConference2025  го долови ентузијазмот и оптимизмот на образовната заедница подготвена да ја прифати иднината. 

Останете поврзани со Пријателите на образованието и вклучете се во обликувањето на иднината на учењето со вештачка интелигенција.

#EduConference2025  #ВИвоОбразование  #ПријателиНаОбразованието