Инфо 1

Првата Едуконференција на наставници и информатичари 2015 беше дводневен настан, организиран од здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО. Конференцијата беше наменета на сите наставници и студенти – идни наставници, за да им помогне во развивањето  и  подобрувањето  на  организациските  и  комуникативните методско – дидактичките способности.

Edu_Conference_1 (456)

На Едуконференцијата за наставници и информатичари 2015  се презентираа примери од наставата кои се препознати како ефективни, корисни и интересни и ќе се дискутира на многу теми од интерес за нашиот професионален развој. Учество зедоа над 500 учесници кои имаа  можност  да  ги  слушнат  предавањата  на експертите од земјата и странство кои се истакнати и признати во  педагошките и информатичките  области.

Спонзори и подржувачи на Првата Едуконференција 2015