Поттикнати од нашите минатогодишни заеднички искуства и поддршката од едукативната и ИКТ заедница, 
на наша особена чест и задоволство, на 31.03 и 01.04.2018 година  во хотел Дрим, Струга ќе се одржи Четвртата#ЕдуКонференција2018. На конференцијата ќе учествуваат еминентни домашни и странски предавачи и претставници на институции, а учесниците уште еднаш ќе имаат можност  да следат предавања на експерти од земјата и странство, на теми од интерес за воспитно образовната дејност и професионалниот развој на наставниот кадар.

Коорганизатор на Четвртата #ЕдуКонференција2018 е Scientix, една од стоте најдобри глобални иновации во образованието, која ја промовира и поддржува соработката меѓу СТЕМ наставниците и останатите СТЕМ професионалци ширум Европа.

Пријавата за учество на Четвртата Едуконференција е до 28.02.2018 година. Пријавувањето може да го направите преку потполнување на формуларот достапен на следниот линк.

Рокот за уплатата на избраната котизација е до 05.03.2018 година. Начин на уплата преку уплатница на следниот линк.

За учество на Четвртата Едуконференција 2018 година може да изберете еден од двата видови на котизација прикажани на сликата подолу 

На Четвртата Едуконференција 2018 година освен како слушатели може да се пријавите за учество и на еден од двата конкурси: 

  1. Натпревар за СТЕМ добри практики. Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

  2. Конкурс за пријава на практични работилници за реализација на образовни цели. Повеќе информации може да добиете на следниот линк.