“Tech4Good“ можност за граѓанските организации да добијат беслатен софтвер од Мајкрософт

На 21 јуни, 2016 на Скопски Саем се одржа настанот „Tech4Good“ – Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на софтверската корпорација Мајкрософт. Овој настан им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

Во текот на конференцијата претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.  Адријана Селмани која беше панелист на сесијата Како да аплицирате за сајбер-грант, објасни дека TechSoup Balkans заедно со Фондацијата Метаморфозис претставуваат мост кој ги поврзува непрофитните организации со донаторите и им овозможува на истите да ги извршуваат своите активности на полесен, побрз и поефикасен начин.

На конференцијата се одржа и работилница на која што организациите од граѓанскиот сектор имаа можност да аплицираат за донација и да добијат совети од страна на тимот на Фондацијата Метаморфозис со цел да можат организациите да ги проценат нивните потреби за информатичките технологии. Во рамки на оваа работилница, Славица Карбева го  презентира искуството на Здружението Пријатели на Образованието, како пионер во  имплементацијата на  Office 365 пакетот во соработка со Регионалната канцекарија на Мајкрософт во Скопје и фондацијата Метаморфозис.

Преземено од следниот линк.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *