#STEMDiscoveryWeek натпревари за наставници

Од 24-30 април 2017 година, #Scientix подготви голем број на натпревари и настани за да се прослават можностите кои науката, технологијата, инженерството и математиката ( СТЕМ областите) можат да ги понудат. Приклучете се на една од трите категории на натпреварот и освојте покана за работилница за СТЕМ образование во Брисел во јуни 2017 година:

[1] Scientix ги објави имињата на осумте препорачани научни книги, врз основа на предлози од Scientix амбасадорите. На 23ти април, познат како Светскиот ден на книгата, Scientix ќе отвори дискусија, каде што наставниците се поканети да споделат идеи за активности во училница врз основа на една или повеќе од овие книги. Наставниците можат да ги продолжат дискусиите до 30 април, кога авторите на најдобрите две идеи ќе бидат наградени со покана за Работилница на научни проекти на Future Classroom Lab во Брисел (23-25 јуни 2017).

[2] Голем број од наставниците ги имаат споделено своите дизајни за постери од нивните омилени Scientix ресурси, со користење на хаштаг #ScientixPoster на социјалните медиуми. Scientix ќе ги постави овие постери за  јавно гласање на својата веб страница, почнувајќи од 24 април, каде двајца наставници исто така ќе бидат поканети на работилницата во јуни.

[3] Последно, но не и најмалку важно, Scientix ги поканува наставниците да ги споделат настаните што ги организираат за STEM Discovery неделата. Сите настани што ќе се случуваат оваа недела ќе се објават на веб страницата а најдобрите настани ќе бидат наградени.  Не заборавајте да го споделите вашиот настан преку погоре понудените линкови!

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *