STEM (Science, technology, engineering and mathematics

Голем број на истражувања покажуваат дека професиите од различните области од STEM се најдобро рангирани професии во светот. Од друга страна во Република Македонија постои дефицит од образовен кадар во STEM областа, што неминовно ја наметнува потребата од негова популаризација. Исто така, според разни релевантни истражувања (пр. PISA), образовните резултати кои Македонија ги покажува во STEM се наоѓаат на дното на табелата споредено со останатите европски држави.  

Последните неколку години се прават голем број иновации на полето на STEM образованието, како измени во наставните програми, користење на различни методолошки приоди, иновативно користење на ИКТ во наставата и слично. Сите овие активности резултираат со иновативни пристапи во реализирање на наставната програма, но она што недостасува се примери за различни активности кои го подигнуваат интересот и мотивацијата на учениците за изучување на STEM. Затоа е очигледна потребата да сe пронајдат, истакнат и споделат најдобрите практики кои македонските наставници ги имаат во STEM.  

Со таа цел во рамките на Третата#ЕдуКонференција2017 беше објавен повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава и можност да се прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите. Постерите кои конкурираа на отворениот, јавен повик беа евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори и советници од БРО, според следните критериуми со еднаква важност: 

  • Оригиналност 
  • Применливост 
  • Потенцијал за привлекување на внимание 
  • Опис на методолошки пристап 
  • Вкупен впечаток. 

За време на едуконференцијата беше организирана изложба на која се изврши избор на најдобрите постер презентации и идејни решенија од страна на стручното жири и публиката и беа доделени следните награди:

  1. Прва награда од публика –  ,,Не биди лута птица научи физика,, од Никола Делевски СОУ “Никола Карев” Струмица.
  2. Прва награда од стручно жири – ,,Реакција на карбонати со киселини,, од Александра Блажевска ООУ „Јан Амос Коменски“.
  3. Втора награда од стручно жири – ,,Трансформирајте ја училницата со виртуелна реалност од Славица Стојчевска ООУ „11 Октомври“ Куманово.
  4. Трета награда од стручно жири – ,, Експериментирање во наставата по физика од Верче Петрова ОУ„Живко Брајковски“.

30-те најуспешни постери беа презентирани на Третата#ЕдуКонференција2017 и  отпечатени во каталог кој може да се преземе на следниот линк.