Microsoft Innovative Educator Expert

MIE Expert 

Форумот на иновативни наставници организиран од Партнери во учењето, Мајкрософт, за кратко време успеа да го презентира најдоброто од нашите наставници и тоа во светки рамки. Оваа година во Македонија се прогласени 4 наставници експерти на светско ниво. Од нив две се наши членови: Марина Василева (learning activity) и Славица Карбева.

Последните години Microsoft во Македонија ги инспирира креативните наставници кои користат технологија да развиваат вештините на 21 век кај учениците. Тие веруваат во технологијата и во влијанието на наставниците,   особено кога се здружуваат заедно и имаат прилика да добијат признанија за своите достигнувања. За таа цел, локалната канцеларија во Македонија веќе 6 години по ред силно ги поддржува мотивираните наставници, кои имаат особена страст за својата кариера, ги инспирираат учениците да размислуваат отворено и имаат вистински соработувачки дух, а со тоа допринесуваат за значајни промени во процесот на учењето. Веќе две години по ред, нашите наставници се препознати како носители на промени и освоија победи на европските и светските натпревари. 

Прераскажано од изјава на Влора Адеми – менаџер на Академските Програми во Мicrosoft  Македонија и Косово.

http://pilmacedonia.wordpress.com/page/2/ 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *