Професионален развој – Со детето во фокус на образованието

Здружение за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” на 30.07.2016  во соработка со Колеџот  Јахја Кемал во Струга, реализира еднодневно пленарно предавање и панел дискусија во рамки на програмата за соработка со Здружението „Креатива„ од Србија . Студиската посета на едукаторите од соседна Србија, се реализира под мотото „Ние сме едукатори – Нудиме решенија наместо изговори„

img_20160730_104115img_20160730_104100Предавачи на овој значаен настан за меѓународна размена на искуства беа нашите едукатри, Весела Богдановиќ, одделенски наставник  и Марина Џепароска Танасоска, наставник по информатика, со што присутните имаа прилика да слушнат и дискутираат теми и искуства кои кои го опфаќаат целото основно образование, од прво до деветто одделение. Средбата се одржа во просторите на Јахја Кемал Колеџ во Струга а беа разработени следните теми:

  • Професионален развој- Анализа- Споредбена анализа
  • Детето во фокус на образованието( Решенија, предизвици)
  • Дидактичка стимулација-Учиме низ игра, практична работилница

Студиската посета на колегите од Србија, помина во прекрасна атмосфера со активности во насока на размена на искуства за професионален равој на наставниот кадар на начин кој поттикнува мотивираност за соработка, размена на нови идеи, планирање идни активности за подобрување на воспитно – обрзовниот процес.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *