Евалуација

baner_konferencija_web_mk_struga

Третата #ЕдуКонференција2017 беше дводневен образовен настан, организиран од страна на Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО. Конференцијата промовира развој на образованието, напредок во образованието како и подобрување на комуникациските, методолошките и дидактичките способности на сегашните наставници но и на студентите – идните наставници.  Наставници и ИКТ експерти од соседните држави и други Европски држави, ги споделија своите најдобри образовни практики со нашите наставници и ИКТ експерти и овозможија размена на искуства како и  можности за понатамошна соработка меѓу наставниците која директно ќе придонесе за подобар квалитет во реализирањето на наставните програми.

Овој настан се организира со цел да се презентираат и промовираат добри образовни практики и образовни ресурси. Учесниците има можност да слушаат предавања од областа на педагогијата како и од областа на информатичката технологија и најпопуларните теми во образованието денес.

Третата #ЕдуКонференција2017  преку работилници,  понуди практична имплементација на знаење и создавање на дидактички ресурси,  каде учесниците  имаа можност да ја покажат својата креативност во создавање на образовни алатки, добивајќи помош и совет од добро познати наставници-ИТексперти.  На таков начин Третата #ЕдуКонференција2017 допридонесе за размена на искуства и контакти меѓу наставниците како и отворање на нови можности за идна соработка со цел подобрување на квалитетот на образовниот процес преку:

ПРЕДАВАЊА
На кои учесниците имаа можност да следат експертски излагања на следните теми: современа педагогија, информатичка технологија, претприемништво, иновации, менаџмент, евалуација, ИКТ во наставата, роботика, смарт табли и смарт клупи. Преку овие активности се овозможи развивање на образовните вештини на 21ви век. 

РАБОТИЛНИЦИ 
На кои учесниците имаа можност активно да учествуваат во дизајн, подготовка и создавање на сопствени дидактички ресурси за Програмата Cambridge во основното образование, користење на ИКТ во наставата, како и разни иновативни практики.

ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД  НАСТАВНИЦИ
Во овој дел од Конференцијата наставниците и ИКТ експертите, ги споделуваа своите практични искуства преку презентации направени според претходно објавен повик за Постер презентации. 

Во состав на активностите на Третата #ЕдуКонференција2017  беа објавени  три јавни повици:

  1. Повик за изработка на постер за споделување на добри практики од областа на науката, технологија, инжинерство и математика STEM (Science, technology, engineering and mathematics). Повеќе околу овој повик, натпреварот и изборот на наградените наставници прочитајте на следниот линк.
  2. Повик за учество на меѓународен фестивал на едукатини филмови “КРЕФ” 2017 со наслов „Сосема различни за иста цел„. Повеќе околу правилата и советите за снимање на ваков филм и учество во оваа филмска категорија прочитајте на следниот линк.
  3. Повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2016 година во соработка со Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија која и оваа година, трет пат по ред, објави повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2016 година. На изборот за Нај ООР наставник за 2016 година, кој траеше до 10 февруари 2017 година, во кој учествуваа 4 наставнициЗорица Милкова, ООУ „Тошо Велков – Пепето“, Кавадарци  (линк до ресурси: https://goo.gl/3Pgmqe, https://goo.gl/lLGURX)Адријана Тодорова ООУ„Петар Мусев“ -Богданци (линк до ресурси: https://goo.gl/79zQQ4, https://goo.gl/PogyeB), Магдалена Поповска, ООУ Ванчо Китанов- Пехчево (линк до ресурси: https://goo.gl/xBBklP) и Аида Петровска, Основно општинско училиште „Димитар Миладинов“- Скопје (линк до ресурси: https://goo.gl/qeAfne). Според гласовите на 264 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани:
  • Зорица Милкова, ООУ „Тошо Велков – Пепето“, Кавадарци – изгласана од членовите на Алијансата за ООР
  • Адријана Тодорова, ООУ„Петар Мусев“, Богданци – избрана од стручна жири комисија.
    Повеќе околу натпреварот и изборот на наградените наставници прочитајте на следниот линк.

Со цел да се направи објективен увид  во остварувањето на целите на Третата #ЕдуКонференција2017 кој ќе помогне во организирањето на следните конференции изготвивме формулар за проценка на квалитетот на конференцијата, од  повеќе аспекти. Вашата проценка за реализацијата на активностите на конференцијата е од особено значење за имплементација на нашите идни активности. Формуларот за проценка е достапен на следниов .

Однапред Ви благодариме за времето што ќе го издвоите за пополнување на формуларот на следниот линк.

Со почит, Пријатели на образованието