Повик за изработка на постер од STEM области

Со цел размена на искуства и идеи при реализација на наставата од STEM областите, објавуваме повик за изработка на постери за споделување на добри практики на STEM настава. Секој од вас добива можност да прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност од STEM областите и на тој начин сите заедно да го збогатиме множеството на едукативни ресурси кои потоа може да се користат во наставата. Фокусот при изготвување на постерот треба да биде насочен кон развивање на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и дигитална писменост.

Со конкурирањето авторот се сложува неговото дело да биде искористено и/или модифицирано од други наставници. Еден постер може да има само еден автор

Постерите ќе бидат евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори. Тие ќе ги изберат 30-те најуспешни постери кои ќе бидат презентирани на четвртата Едуконференција. Постерите ќе бидат евалуирани според следните критериуми со еднаква важност: оригиналност, применливост, потенцијал за привлекување на внимание, опис на методолошки пристап, вкупен впечаток.

Точниот начин и услови за праќање на постери ќе биде објавен на 01 февруари 2018.

Рок за доставување на постерот: 10 март 2018 година.

Објавување на списокот на 30 најдобри постери: 20 март 2018 година.

Презентација на финалните постери: 31.03.2018 и 01.04.2018 (за време на Четвртата Eдуконференција).

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *