Победници на “All-STEM All-Stars” натпреварот

Наградите на натпреварот “All-STEM All-Stars” беа доделени на 7.12.2017 година во Брисел, Белгија. Наградите беа доделени за организирање на настани и активности поврзани со наука, како дел од STEM Alliance иницијативата.

Наградените наставници учествуваа во All-STEM, All Stars натпреварот на STEM Alliance, кој се одвиваше од 2016 до 2017. Преку организирање на настан или креирање на видео сите тие покажаа како ги промовираат предметите и кариерите во полето на наука, технологија, инженерство и математика преку иновативни практики и методи.

Особено сме горди на Ѓорѓина Димова, наставник по информатика во ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино за добиената награда во однос на организирање настан „Недела на информатиката“.

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *