Scientix коорганизатор на Третата #ЕдуКонференција2017

Ни претставува особена чест и задоволство да објавиме дека  коорганизатор на Третата #ЕдуКонференција2017, која ќе се одржи на 08 и 09.04.2017 година  во хотел Дрим, Струга ќе биде 
 Scientix, една од стоте најдобри глобални иновации во образованието, која ја промовира и поддржува соработката меѓу СТЕМ наставниците и останатите СТЕМ професионалци ширум Европа.

Голем број на истражувања покажуваат дека професиите од различните области од STEM се најдобро рангирани професии во светот. Од друга страна во Република Македонија постои дефицит од образовен кадар во STEM областа, што неминовно ја наметнува потребата од негова популаризација. Исто така, според разни релевантни истражувања (пр. PISA), образовните резултати кои Македонија ги покажува во STEM се наоѓаат на дното на табелата споредено со останатите европски држави.  

Последните неколку години се прават голем број иновации на полето на STEM образованието, како измени во наставните програми, користење на различни методолошки приоди, иновативно користење на ИКТ во наставата и слично. Сите овие активности резултираат со иновативни пристапи во реализирање на наставната програма, но она што недостасува се примери за различни активности кои го подигнуваат интересот и мотивацијата на учениците за изучување на STEM. 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *