Мajкрософт на Едуконференцијата во Струга додели ваучери за наставници

Како резултат на активната соработка на нашето здружение со Мајкрософт Македонија,  сите  пријавени учесници на Втората Едуконференција за наставници и информатичари во Струга во периодот од 1-3 Април 2016 год. имаа можност да добијат бесплатен ваучер за да се сертифицираат за MOS-Microsoft Office Specialist  или  MCE Microsoft Certified Educator.

Едукаторите кои ќе успеат да го исполнат условот ќе бидат повикани на пленарното излагање на  г-а Влора Адеми, Senior Business Development Manager, Education and Citizenship при Микрософт Македонија, на Втората Едуконференција на здружението ,, Пријатели на Образованието,, во Конгресната сала во 12:10 часот на 2 Април 2016 год, за да им бидат свечено врачени стекнатите ваучери. 

Преземено од pilmacedonia.wordpress.com

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *