Македонска наставничка меѓу 50-те најдобри едукатори во светот

 Од илјадници апликации на пријавени иновативни наставници од повеќе од 150 земји во светот, на светскиот натпревар организиран од Varkey Gems Foundation, македонската наставничка Весела Богдановиќ е прогласена за една од 50 те најдобри наставници во светот и е во конкуренција да освои и парична награда од милион долари.

Изборот е направен од стручната академија на VGF составена од владини експерти, научници, психолози, педагози, инженери, новинари од повеќе земји во светот. Почесен претседавач на оваа фондација, чија мисија е подобрување на квалитетот на образванието на глобално ниво, е Бил Клинтон, а нејзини претставници се значајни имиња од областа на образованието и бизнисот.
Весела како член на здружението Пријатели на образованието е застапник на надминување на класичната настава. Таа во секојдневната работа користи методологија која е насочена кон детето и е извонреден ентузијаст кој постојано се усовршува и во својата секојдевна пракса, Иако 12 години работи во малото селско училиште Кочо Рацин, во селото Ивањевци, општина Могила, нејзините ученици секојдневно истражуваат, учат низ игра и учат со помош на информатичката технологија, како да се наоѓаат во некое одлично училиште во високо развиените земји. Преку пренамена на отпаден материјал, со лични скромни средства и огромна креативност, заедно со своите ученици секојдневно изработува дидактички материјали по сите наставни предмети и со тоа обезбедува максимално стимулативна средина за учење, средина која наликува на свет од бајките. Не и пречи ни тоа што веке 12 години секојдневно, во лоши услови за патување и со сопствено финансирање, патува од Битола до далечното селото Ивањевци, затоа што знае дека таму со нетрпение ја чекаат нејзините ученици, секогаш насмеани и спремни за нови, интересни, истажувачки авантури.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *