КРЕАТИВНО РЕЦИКЛИРАЊЕ НА СОЊА ЈАНКУЛОВСКА – ЕДЕН ОД ПОБЕДНИЦИТЕ НА STEM DISCOVERY WEEK

Соња Јанкуловска, наставник по биологија од Битола, Македонија е една од тројцата победници во категоријата за  Организирање на СТЕМ настан за време на STEM Discovery Week.

Описот на проектот според Соња е:

Целта на овој јавен настан беше да се подигне свеста кај учениците и пошироката заедница за проблемите поврзани со животната средина и да се влијае врз формирањето трајни навики за зачувување на животната средина.

На настанот беа вклучени наставници,  родители, Советот на родители, јавни институции и образовен инспекторат. Активностите поврзани со овој настан се одржуваа од октомври до април секој понеделник, имаше колективна активност за кои се информираше преку изјава, додека за крајната финална активност беше информирано преку постер и плакат кој беше ставен во училишната зграда.

Сакав да ги инспирирам учениците да станат едукатори на нивните соученици, да обезбедат увид и учество во оние аспекти на училишната работа кои влијаат врз животната средина и да ги мотивираат да станат активни учесници во животот на училиштето.

Повеќе за ова, и други активности на победниците може да се најдат на следниот линк.

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *