Инфо 3

Поттикнати од нашите минатогодишни заеднички искуства и поддршката од едукативната и ИКТ заедница,
на наша особена чест и задоволство, на 08 и 09.04.2017 година  во хотел Дрим, Струга се одржа Третата#ЕдуКонференција2017. На конференцијата  учествува еминентни домашни и странски предавачи и претставници на институции, а учесниците  уште еднаш  има можност  да следат  предавањата  на експерти од земјата и странство, на  теми од интерес за воспитно образовната дејност и професионалниот развој на наставниот кадар.

Коорганизатор на Третата#ЕдуКонференција2017 беше Scientix, една од стоте најдобри глобални иновации во образованието, која ја промовира и поддржува соработката меѓу СТЕМ наставниците и останатите СТЕМ професионалци ширум Европа.

Сребрен спонзор  на Третата #ЕдуКонференција2017 беше  Oracle Academy .  Бенефитите од партиципација во  програмата на Оракл Академијата  ги  презентира Г-га Елени  Тсипа, PR & Corporate Citizenship Specialist, Oracle GCMM.

Спонзори на Третата #ЕдуКонференција2017  беа: SIVECO и Мајкрософт Македонија.

Подржувачи и партнери на Третата #ЕдуКонференција2017 беа: Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, – Скопје, Универзитетот ,, Гоце Делчев,,- Штип и Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија.