Конкурс практични работилници

Конкурс за пријава на практични работилници за реализација на образовни цели

Право за пријава на овој конкурс имаат сите одделенски наставници, предметни наставници и професори од средни училишта и факултети, педагози, психолози, дефектолози и логопеди.

Предложените работилници треба да понудат иновативни, игровни и креативни решенија за реализација на образовни цели од еден наставен предмет, или интеграција на цели од неколку предмети. За пријава на работилницата кандидатот треба да испрати документ со наративен опис во кој би ја дал објаснувања околу својата идеја и кус опис на текот на работилницата.

Работилницата може да трае од половина час до најмногу 45 минути.

Содржина на документот за пријава:

Автор на работилницата

 

Професија/раб.место на авторот

 

Промотивно име на работилницата

 

Траење на работилницата

 

Возраст на ученици за кои е наменета

 

Краток наративен опис (Кои наставни цели може да се реализираат? Краток тек. Што ќе имаме прилика да видиме? Како ќе биде вклучена публиката или дел од публиката која избрала да присуствува на оваа работилница).

 

Посебни просторни услови кои би ги навеле како потребни ?

(работа на отворено/на под/во хол/)

 

Контакт телефон

 

Работилницата треба да одговара за директна работа со до најмногу 20 ученици кои би биле активно вклучени во практичните активности.

Бројот на други набљудувачи на кои ќе им биде овозможено присуство на Вашата работилница ќе го утврдиме заедно со Вас, согласно просторните услови и специфичноста на активностите кои ги предлагате.

Материјалите и ресурсите за работа се обврска на самиот автор.

Избраните кандидати ќе бидат навремено објавени на страницата на Пријатели на образованието, веднаш после селекцијата од страна на стручното жири.

Стручното жири го задржува правото за дисквалификација на предлози кои користат туѓи авторски идеи од било каков вид.

Доументите за пријава за учество со своја работилница, се испраќаат на следната адреса workshopfoe2018@gmail.com најдоцна до 20.02.2018 година.

Избраните кандидати ќе бидат известени до 02.03.2018 година и листата ќе биде објавена на веб страната на Пријатели на образованието.

Важна напомена:

Независно од оваа испратена пријава за предлог работилница, пријавата за учество/присуство на Конференцијата е задолжителна за сите колеги. Повеќе информации околу понудите за котизација можете да дознаете на следниот линк