Најчесто Поставувани Прашања

1. Како да знам дали сум член на здружението Пријатели на образованието?

Зачленувањето во НВО Пријатели на образованието може да го направите на следниот линк.  
После зачленувањето, добивате електронска пошта со ваш регистрационен број. Поради зголемениот интерес за членство во здружението пораката со регистарски број ќе ја добиете во тековниот месец.

2. Дали со зачленувањето во здружението, автоматски сум пријавен за учество на Третата едуконференција?

Не. Зачленувањето во здружението Ви овозможува користење на повеќе услуги, како на пример намалена котизација на Едуконференциите. За да се пријавите за учество на Третата едуконференција одберете една од понудените три котизации на следниот линк. После пријавата ќе добиете електронска пошта дека е евидентирана Вашата пријава.