Меѓународна научна конференција – „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“

При реализација на воспитно образовната работа наставниците секојдневно се соочуваат со голем број на промени и предизвици. Овие свои искуства може да ги пренесете со учество на Меѓународната научна конференција – „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“ во организација на Македонското научно друштво – Битола, која ќе се одржи во Битола на 10 и 11 ноември 2017.

За сите членови на Пријатели на образованието кои сакаат да учествуваат со свој труд на оваа конференција обезбедивме попуст од 50% на котизацијата за редовно учество. Тоа значи дека самостоен автор и прво регистриран коавтор кој е член на Здружението наместо наместо 60 EUR ќе треба да плати 30 EUR, а секој нареден коавтор наместо 30 EUR ќе треба да плати 15 EUR  (уплатата е во денарска противвредност).

Повеќе за Конференцијата може да прочитате на следниот линк: mss-mnd-conference2017.mk

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *