Вебинар – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД SCIENTIX ПОРТАЛОТ

По запознавањето со  проектот Scientix и неговиот портал (можности, настани и ресурси), продолжуваме со организација на нареден вебинар за – Запознавање со Scientix проекти преку искуства на наши наставници кои веќе учествувале во нивна реализацијa.

Во четврток на 5.10.2017 година во 18:30 ќе можете да ги проследите презентациите на  Силвана Ристевска и Александра Атанасовска Блажевска, кои можат да ви бидат најдобар пример како еден македонски наставник може да се вклучи во СТЕМ образовните практики.

Вебинарот е поставен на линкот:  https://eun2.adobeconnect.com/ncp_scientix_webinar/ ,  ќе се спроведе на македонски јазик и сите  учесници кои уредно ќе се пријават и ќе го проследат вебинарот ќе добијат сертификат за негово следење.

Пријавувањето може да се направи на следниот линк.

 

 

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *